Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 3:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.”

5. А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.”

6. А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.” И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.

7. Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја.

8. Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’”

9. Тогаш Исус им рече на Израелците: „Пристапете и чујте ги зборовите на Господа, својот Бог.”

10. И Исус рече: „По ова ќе сознаете дека е меѓу вас живиот Бог: Тој ќе ги гони пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.

11. Еве, Ковчегот на Заветот на Господарот на целата земја ќе тргне пред вас преку Јордан.

12. Изберете веднаш дванаесет луѓе од Израелевите племиња, по еден од секое племе.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 3