Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 3:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Изберете веднаш дванаесет луѓе од Израелевите племиња, по еден од секое племе.

13. Штом стапалата на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, на Господарот на целата земја, ќе стапат во Јордан, водата на Јордан ќе се раздели, и онаа што тече одозгора ќе застане како насип.”

14. Кога народот тргна од своите шатори за да премине преку Јордан, свештениците го понесоа Ковчегот на Заветот пред нив.

15. А кога носителите на Ковчегот стигнаа до Јордан и кога свештениците, кои го носеа Ковчегот, загазија во водата на брегот - а беше време на жетва кога Јордан се прелева преку своите брегови -

16. водата што течеше одозгора далеку, како насип, застана кај градот Адам, што се наоѓа покрај Заретан; а водата што истечуваше долу во Арабјанското или Соленото Море сосем истече, и народот поминуваше спроти Ерихон.

17. Свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, стоеја на суво среде Јордан, и Израел поминуваше по суво, сè додека сиот народ не помина преку реката.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 3