Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 3:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Исус подрани и со сите Израелеви синови тргна од Ситим. И стигнаа до Јордан па таму, пред преминувањето, преноќија.

2. По три дни старешините поминаа низ логорот и му заповедаа на народот:

3. ”Штом ќе ги видите Ковчегот на Заветот на Господа, вашиот Бог, и свештениците левити кои го носат, тргнете сите од своето место и појдете по нив.

4. Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.”

5. А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.”

6. А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.” И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.

7. Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја.

8. Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’”

9. Тогаш Исус им рече на Израелците: „Пристапете и чујте ги зборовите на Господа, својот Бог.”

Прочитајте целосна глава Исус Навин 3