Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 23:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Видете, ви ги разделив вам со жрепка во наследство на вашите племиња сите народи што останаа, и сите оние народи што ги истребив од Јордан до Големото Море на запад.

5. Господ, вашиот Бог, сам ќе ги гони пред вас и ќе ги истера од пред вас, и ќе ја завладеете нивната земја, како што ви вети Господ, вашиот Бог.

6. И така, бидете постојани и сè поцврсти во тоа да го пазите и вршите сè тоа што е напишано во Книгата на Мојсеевиот Закон, и да не отстапете од тоа ни десно ни лево.

7. Не мешајте се со тие народи кои останаа меѓу вас; и не спомнувајте ги имињата на нивните богови ниту се колните во нив; не служете им и не клањајте им се.

8. Туку држете се до Господа, својот Бог, како што правевте до денес.

9. Господ, изгони од пред вас големи и силни народи, и никој до денес не можеше да устои пред вас.

10. Еден од вас тераше пред себе илјада зашто Господ, вашиот Бог, се бореше за вас, како што ви вети.

11. Внимателно пазете да го љубите Господа, вашиот Бог, зашто се работи за вашиот живот.

12. Зашто ако се одметнете и се долепите до остатокот на оние народи, кои останаа меѓу вас, и ако се поврзете со нив и се измешате со нив и тие со вас,

13. знајте добро дека Господ, вашиот Бог, ќе прекрати да ги гони тие народи од пред вас; тие ќе ви станат стапица и мрежа, ќе им бидат бич на вашите слабини и трње во вашите очи, сè додека не се иселите од оваа добра земја што ви ја дава Господ, вашиот Бог.

14. Еве, јас тргнувам денес на пат каде одат сите на земјата. Знајте и признајте со сето свое срце и со сета своја душа: ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане неисполнето.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 23