Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 21:38-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата,

39. Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града.

40. Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови.

41. Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата.

42. Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови.

43. Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа.

44. И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор.

45. Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сè се исполни.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 21