21. Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата,
22. Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града.
23. Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата,
24. Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града.
25. Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.
26. Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата.
27. На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града.
28. Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата,
29. Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града.
30. Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата,
31. Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града.
32. Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града.
33. Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата.
34. На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата,