Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 21:10-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. на Ароновите синови во Каатовите левитски семејства, зашто првата жрепка беше за нив,

11. им припаднаа Киријат-Арва, главниот град на Анаковците, односно Хеврон, во Јудината Гора, со пасиштата наоколу.

12. Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син.

13. На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата;

14. Јатир со пасиштата, Естемоја со пасиштата,

15. Олон со пасиштата, Давир со пасиштата,

16. Аин со пасиштата, Јута со пасиштата, Вет-Семес со пасиштата. И така, девет градови од оние две племиња.

17. Од Венијаминовото племе: Гаваон со пасиштата, Гаваја со пасиштата,

18. Анатот со пасиштата, Алмон со пасиштата. И така, четири града.

19. Така свештениците, Ароновите синови, добија вкупно тринаесет градови со нивните пасишта.

20. На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе.

21. Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата,

22. Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града.

23. Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата,

24. Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града.

25. Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 21