Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 21:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш главатарите на левитските татковски домови појдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, Навиновиот син, и кај племенските главатари на Израел.

2. И им рекоа во Сило, во Ханаанската земја: „Господ заповеда преку Мојсеја да ни се дадат градови каде ќе живееме и пасишта околу нив за нашиот добиток.”

3. Израелците им ги дадоа на левитите од своето наследство, според Господовата заповед овие градови со нивните пасишта.

4. И така излезе жрепка за Каатовото семејство: на левитите, на потомците на свештеникот Арон, им припаднаа триесет градови од племињата: Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото;

5. На другите Каатови синови им припаднаа со жрепка според семејствата десет градови од племињата: Ефремовото и Дановото и од половината племе Манасиево.

6. Гирсоновите синови добија според семејствата тринаесет градови од племињата: Исахаровото, Асировото и Нефталимовото и од половината племе Манасиево во Васан.

7. На Мерариевите синови според нивните семејства им припаднаа дванаесет градови од племињата: Рувимовото, Гадовото и Завулоновото.

8. Така, Израелците со жрепка им ги доделија на левитите тие градови со пасиштата, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја.

9. Од племето на Јудините синови и од племето на Симеоновите синови беа доделени овие градови што се спомнуваат по име:

10. на Ароновите синови во Каатовите левитски семејства, зашто првата жрепка беше за нив,

11. им припаднаа Киријат-Арва, главниот град на Анаковците, односно Хеврон, во Јудината Гора, со пасиштата наоколу.

12. Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син.

13. На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата;

Прочитајте целосна глава Исус Навин 21