Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 16:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тоа беше наследството на Јосифовите синови: Манасиј и Ефрем.

5. Подрачјето на Ефремовите синови, според нивните семејства, беше ова: меѓата на нивното наследство кон исток одеше од Атарот Адар па до Горниот Вет-Орон.

6. Оттаму се тегнеше до морето. (одеше на) Михметат на север и вртеше натаму на исток кон Танат-Силон и поминуваше од источната страна на Јанох.

7. Од Јанох се спушташе во Атарот и Нарат и тогаш, допирајќи до Ерихон, удираше во Јордан.

8. Од Тафуј меѓата одеше кон запад до потокот Кана па излегуваше на море. Тоа беше наследството на племето на Ефремовите синови според нивните семејства.

9. А Ефремовите синови ги имаа сите тие градови со нивните села, и уште одделени градови среде наследството на Манасиевите синови.

10. Ама не успеаја да ги изгонат Ханаанците, кои живееја во Гезер. Така Ханаанците останаа меѓу Ефремовите синови до денес, но им беше наметнат данок.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 16