Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 15:8-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Оттаму преку долината Бен-Еном се креваше од југ кон Евуската Стрмина, односно кон Ерусалим. Потоа се искачуваше на врвот на гората, што на запад гледа кон Еном и лежи на северниот крај на долината Рафаим.

9. Од врвот на таа гора меѓата завртуваше кон изворот Нефтој па излегуваше спроти градовите на гората Ефрон, потоа да сврти кон Вал, потоа кон Киријат-Јарим.

10. Од Вал меѓата завиваше на задад кон гората Сир и тогаш, поминувајќи северно од гората Јарим, односно Хасалон, се спушташе во Вет-Семес па одеше кон Тамна.

11. Натаму меѓата продолжуваше кон северната стрмина на Акарон, завртуваше кон Сикрон, ги поминуваше висовите на Вал, се тегнеше до Јавнил, за да излезе конечно на море.

12. Западната меѓа е Големото Море со брегот. Тоа беа земјите на Јудините синови, наоколу, според нивните семејства.

13. Халев, Ефониевиот син, прими дел меѓу Јудините синови, како што Господ му нареди на Исуса. Му ја даде Киријат-Арва, главниот град на Енаковите синови - Хеврон.

14. Халев истера оттаму три Енакови синови: Сесај, Ахиман и Талмај, Енакови потомци.

15. Оттаму тргна против жителите на Девир, што некогаш се викаше Киријат-Сефер.

16. Тогаш Халев рече: „Кој ќе го покори и ќе го заземе Киријат-Сефер, ќе му ја дам својата ќерка Ахса за жена.”

17. Го зазеде Готонил, синот на Кенеза, брат Халевов; и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена.

18. Кога дојде кај мажот, тој ја наговори да побара имот од татка си. Таа слезе од ослето, а Халев ја праша: „Што сакаш?”

19. Таа одговори: „Дај ми благослов! Кога ми го даде Негев, дај ми и некои водни извори.” И тој и ги даде Горните и Долните извори.

20. Тоа беше наследството на племето на Јудините синови според нивните семејства.

21. Градови меѓници на племето на Јудините синови, вдолж на едомската меѓа беа: Кавсеил, Едер, Јагур;

22. Кина, Димона, Адада;

23. Кадес, Асор, Итнан;

24. Зиф, Телем, Валот;

25. Нов Асор, Киријат-Есрон (односно Асор);

Прочитајте целосна глава Исус Навин 15