Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 15:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Оттаму меѓата се искачуваше во Ветагла, минуваше северно од Вет-Арава, одеше горе на Каменот Воана, на Рувимовиот син.

7. Потоа меѓата се креваше од Ахорската долина кон Давира, вртеше на север кон Галгал, што лежи спроти Адумимското Нагорниште, јужно од потокот; меѓата поминуваше натаму кон водите на Ен-Семес па излегуваше кај Ен-Рогел.

8. Оттаму преку долината Бен-Еном се креваше од југ кон Евуската Стрмина, односно кон Ерусалим. Потоа се искачуваше на врвот на гората, што на запад гледа кон Еном и лежи на северниот крај на долината Рафаим.

9. Од врвот на таа гора меѓата завртуваше кон изворот Нефтој па излегуваше спроти градовите на гората Ефрон, потоа да сврти кон Вал, потоа кон Киријат-Јарим.

10. Од Вал меѓата завиваше на задад кон гората Сир и тогаш, поминувајќи северно од гората Јарим, односно Хасалон, се спушташе во Вет-Семес па одеше кон Тамна.

11. Натаму меѓата продолжуваше кон северната стрмина на Акарон, завртуваше кон Сикрон, ги поминуваше висовите на Вал, се тегнеше до Јавнил, за да излезе конечно на море.

12. Западната меѓа е Големото Море со брегот. Тоа беа земјите на Јудините синови, наоколу, според нивните семејства.

13. Халев, Ефониевиот син, прими дел меѓу Јудините синови, како што Господ му нареди на Исуса. Му ја даде Киријат-Арва, главниот град на Енаковите синови - Хеврон.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 15