Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 15:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Делот што му припадна на племето на Јудините синови, според нивните семејства, беше кон едомската граница, на југ до Цинската пустина, на крајниот југ.

2. А нивната јужна меѓа одеше од крајот на Соленото Море, од заливот што е на југ;

3. тогаш излегуваше јужно од Акравимското Нагорниште, се тегнеше преку Цин и се искачуваше јужно од Кадис Варни, преминуваше преку Есрон, се качуваше кон Адар и оттаму свртуваше кон Карк;

4. потоа преминуваше преку Аселмон и допираше до Египетскиот Поток и најпосле излегуваше на море. Тоа ви е јужната меѓа.

5. Меѓата кон исток беше: Соленото Море до крајот на Јордан. Северната меѓа почнуваше од Соленото Море, кај заливот на Јордан.

6. Оттаму меѓата се искачуваше во Ветагла, минуваше северно од Вет-Арава, одеше горе на Каменот Воана, на Рувимовиот син.

7. Потоа меѓата се креваше од Ахорската долина кон Давира, вртеше на север кон Галгал, што лежи спроти Адумимското Нагорниште, јужно од потокот; меѓата поминуваше натаму кон водите на Ен-Семес па излегуваше кај Ен-Рогел.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 15