Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 14:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Наследството го разделија со жрепка, како што Господ одреди преку Мојсеја, меѓу деветте племиња и половината од десеттото племе.

3. Мојсеј им го одреди наследството на двете племиња и на половината од десеттото племе од онаа страна на Јордан, а на Левитите не им даде наследство меѓу нив.

4. Зашто беа две племиња на Јосифовите синови: Манасиевото и Ефремовото. А на Левитите не им дадоа дел од земјата, туку градови, за престојување и пасишта за нивниот добиток и за нивната стока.

5. Како што Господ му заповеда на Мојсеја, така направија Израелевите синови при делбата на земјата.

6. Јудините синови пристапија кон Исуса во Галгал, а Халев синот Јефониев, Кенезеец, му рече: „Ти знаеш што му рече Господ на Мојсеја, на Божјиот човек, за мене и за тебе во Кадис-Варни.

7. Ми беа четириесет години кога Мојсеј, Господовиот слуга, ме испрати од Кадис-Варни да ја согледам земјата. И му донесов извештај како што најдобро знаев.

8. Браќата кои тргнаа со мене го исплашија срцето на народот, но јас ја вршев волјата на Господа, својот Бог.

9. И во тој ден Мојсеј се заколна: ‘Земјата по која стапнуваше твојата нога ќе ти припадне тебе и на твоите синови во вечно наследство, зашто ја вршеше волјата на Господа, мојот Бог.’

10. И гледаш, Господ ме запази во живот, како што рече. Веќе поминаа четириесет и пет години откако Господ му го вети тоа на Мојсеја, додека Израел уште одеше низ пустината; сега сум на осумдесет и пет години,

11. но уште сум и денес силен, како што бев во оној ден кога Мојсеј ме испрати како согледувач. Како некогаш, и сега е мојата сила во мене, за борба за да отидам и да се вратам.

12. Дај ми го сега ова горје, што Господ ми го вети во оној ден. Сам чу во оној ден. Таму се Енакимците, а градовите им се големи и цврсти. Ако е Господ со мене, ќе ги изгонам, како што го вети тоа Господ.”

Прочитајте целосна глава Исус Навин 14