Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 13:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ќе ги истерам пред Израелевите синови сите жители на подгорјето, од Ливан до Мисрефот на запад - ќе ги истерам сите Сидонци пред Израелевите синови, само раздели му ја на Израел во наследство земјата, како што ти заповедав.

7. И така раздели ја таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од Манасиевото племе.”

8. Другата половина од Манасиевото племе, а со неа и племето Рувимово и Гадово, го примија своето наследство, што им ја даде Мојсеј преку Јордан, на исток. Мојсеј, Господовиот слуга, им додели вака:

9. од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот во средината на долината, сета висорамнина од Медев до Девон;

10. сите градови на Сион, царот аморејски, кој владееше во Есевон, сè до меѓата на Амоновите синови;

11. и Галад, и гесурската и махатската краина со сета гора Ермон, и сиот Васан до Салха;

12. а во Васан сето царство на Ог, кој владееше во Астарот и Едраин и беше последен потомок на Рафајците. Мојсеј ги победи и ги протера.

13. Ама Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Махатците од средината на Израелците сè до денешниот ден.

14. Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.

15. Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 13