Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 13:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Мојсеј и даде дел на половината на Манасиевото племе според неговите семејства.

30. Ги добија во сопственост: земјата од Махан, сиот Васан, сето царство на Ог, васанскиот цар, и сите Јаирови села, што се во Васан - шеесет градови.

31. А половината на Галад, Астарот и Едраин, градовите на Оговото царство во Васан, им припаднаа на синовите на Махир, Манасиевиот син, и тоа половина на Махировите синови според нивните семејства.

32. Така Мојсеј ги подели наследствата во Моавските Полиња, од другата страна на Јордан, источно од Ерихон.

33. Мојсеј не му даде наследство на Левиевото племе: Господ, Израелевиот Бог, е нивното наследство, како што им рече Сам.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 13