Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 13:14-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.

15. Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.

16. Ја примија земјата од Ароир, што лежи на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во средината на долината, и сета висорамнина кај Медева;

17. Есевон со сите негови градови кои лежат на висорамнината: Девон, Вамот-Вал, Вет-Вал-Меон;

18. Јаса, Кадим, Мифат;

19. Киријатаим, Сивма, Зарет-Сар на гората над долината;

20. Вет Фегот, Аздот Фазга, Вет Есимот;

21. сите градови на висорамнината и целото царство на Сион, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон. Мојсеј го победи како и мадијамските кнезови: Евија, Рекема, Сур, Ур, Рева, Сионови првенци кои живееја во таа земја;

22. и вражалецот Валаам, Веоровиот син, го убија Израелевите синови со острилото на мечот со другите жртви.

23. Меѓник на Рувимовите синови им беше Јордан. Тоа беше наследството на Рувимовите синови според нивните семејства: нивните градови и села.

24. Тогаш му даде Мојсеј на Гадовото племе, на Гадовите синови, делови според нивните семејства.

25. Ги примија во сопственост: Јазир и сите галадски градови, половината од земјата на Амоновите синови сè до Ароир, спроти Рава,

26. и од Есевон до Рамот Миспа и Ветоним, и од Маханаим до покраината Ло-Девир;

27. а во долината: Вет Арам, Вет Нимра, Сокот и Сафон, односно остатокот на царството на Сион, есевонскиот цар; Јордан со брегот сè до крајот на Хинеротското Море, на источната страна на Јордан.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 13