Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 11:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И Господ ги предаде во рацете на Израелците, па тие ги поразија и ги протераа сè до Големиот Сидон и до Мисрефот-Маим и до рамницата Миспа на исток; и така ги поразија па никој не преживеа.

9. Исус направи како што му нареди Господ: ги пресече жилите на нивните коњи, а нивните коли ги изгоре со оган.

10. Во исто време Исус се врати и го зазеде Асор, а неговиот цар го погуби со меч. Некогаш Асор им беше главен град на сите тие царства.

11. Убија сè со острилото на мечот, извршувајќи го проклетството „херем.” Не остана ништо живо, а Асор го изгореа со оган.

12. Исус ги покори сите градови на оние цареви и ги погуби царевите со острилото на мечот, извршувајќи го „херемот,” проклетството, како што беше заповедал Мојсеј, Божјиот Слуга.

13. Од другите градови, што се креваа на своите брежиња, Израелците не изгореа ниеден, освен Асор, што го опожари Исус.

14. Сиот плен од тие градови и добитокот, Израелевите синови ги поделија меѓу себе, а сите луѓе ги погубија со острилото на мечот, ги истребија, и не остана ни жива душа.

15. Сè што Господ му заповеда на Својот слуга Мојсеј, Мојсеј му заповеда на Исуса, а Исус изврши сè, не изоставајќи ништо од сè што Господ му беше заповедал на Мојсеја.

16. Така Исус ја зазеде целата земја: Горјето, сиот Негев и сета земја Госен, Шефел, Араба, Израелското Горје и неговите брежиња,

Прочитајте целосна глава Исус Навин 11