Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 11:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога го чу сè тоа Јавин, цар на Асор, ги извести: Јовав, царот на Мадона, и царот на Симрона, и царот на Ахсафа,

2. и царевите на север, во Горјето, и во Араба јужно од Хинерот, и во Шефела, и на височините на Дор спрема морето;

3. Ханаанците на исток и запад, Аморејците, Хетејците, Ферезејците и Евусејците во планините, Евејците под Ермон во земјата Миспа.

4. Сите тие излегоа со своите чети, со мноштво што беше како песок на морскиот брег, и со многу коњи и коли.

5. И така сите тие цареви се здружија и поставија логор заедно покрај водите на Мером, за да се борат против Израел.

6. Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се од нив, зашто утре во ова доба ќе направам сите да бидат погубени пред Израел; пресечи им ги жилите на нивните коњи, а нивните коли изгори ги со оган.”

7. Исус ги поведе против нив сите свои војници, ги нападна одненадеж при водите на Мером и удри на нив.

Прочитајте целосна глава Исус Навин 11