Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 1:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.”

10. Тогаш Исус им заповеда на народните главатари:

11. ”Поминете низ логорот и разгласете му ја на народот оваа заповед: ‘Пригответе си храна, зашто по три дни ќе преминете преку Јордан, за да ја примите во сопственост земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство.’”

12. Потоа Исус им рече на племето Рувимово и Гадово и на половина Манасиево племе:

13. ”Сетете се за она што ви нареди Мојсеј, Господовиот слуга, кога ви рече: ‘Господ, вашиот Бог, сака да се одморите, и ви ја дава оваа земја.’

14. Вашите жени, деца и стада можат да останат во земјата, која ви ја даде Мојсеј од онаа страна на Јордан. Вие пак воините, спремни за бој, треба да тргнете вооружени пред своите браќа за да им помогнете,

15. сè додека Господ не им даде починка и на вашите браќа, како и вам, и додека не ја освојат земјата, што им ја дава Господ, вашиот Бог. Тогаш ќе можете да се вратите во земјата што ви припаѓа и што ви ја даде Господовиот слуга Мојсеј, на другата страна на Јордан, кон изгрејсонцето.”

16. Тие му одговорија на Исуса: „Сè што ќе ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да нè пратиш, ќе тргнеме.

17. Како што го слушавме Мојсеја, така ќе ти се покоруваме и тебе. Само Господ, твојот Бог, нека биде со тебе, како што беше со Мојсеја!

18. Секој кој ќе им се спротиви на твоите заповеди и не ги послуша твоите зборови во сè што ќе му наредиш, нека биде погубен. Само ти биди решителен и храбар!”

Прочитајте целосна глава Исус Навин 1