Стар Завет

Нов Завет

Исус Навин 1:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сè што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите. Нели ти заповедав:

9. биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.”

10. Тогаш Исус им заповеда на народните главатари:

11. ”Поминете низ логорот и разгласете му ја на народот оваа заповед: ‘Пригответе си храна, зашто по три дни ќе преминете преку Јордан, за да ја примите во сопственост земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава во наследство.’”

12. Потоа Исус им рече на племето Рувимово и Гадово и на половина Манасиево племе:

13. ”Сетете се за она што ви нареди Мојсеј, Господовиот слуга, кога ви рече: ‘Господ, вашиот Бог, сака да се одморите, и ви ја дава оваа земја.’

14. Вашите жени, деца и стада можат да останат во земјата, која ви ја даде Мојсеј од онаа страна на Јордан. Вие пак воините, спремни за бој, треба да тргнете вооружени пред своите браќа за да им помогнете,

Прочитајте целосна глава Исус Навин 1