Стар Завет

Нов Завет

Исаија 9:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Но народот не се обрати кон Оној Кој го биеше, не Го бараа Господа над Војските.

14. Затоа Господ му ги отсече на Израел главата и опашката, палмата и трската во еден ден.

15. Старешината и првенецот - тоа е главата; пророкот, учител на лагата - тоа е опашката.

16. Оние кои го водат тој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени - пропаднаа.

17. Затоа Господ нема да ги поштеди младите, нема да им се смилува на неговите сираци и вдовици. Сиот тој народ е безбожен и зол, зборува безумно со сета уста. Неговиот гнев нема да се смири на сè тоа, Неговата рака ќе остане испружена.

18. Да, безбожноста се размавта како оган, голта глогинки и трње, па ги запали густите горски месности, столбови од дим се креваат.

19. Гори земјата од Господовиот гнев, народот му станува храна на огнот. Никој не го поштедува ни брата си,

20. ќе граби оддесно и пак ќе е гладен; ќе голта одлево, и пак не ќе е сит; секој ќе јаде месо од својата мишка.

21. Манасиј Ефрема, Ефрем Манасија, двајцата заедно против Јуда. Неговиот гнев нема да се смири на сè тоа, Неговата рака ќе остане испружена.

Прочитајте целосна глава Исаија 9