Стар Завет

Нов Завет

Исаија 8:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. „Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.

13. Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.

14. Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.

15. Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”

16. Запази го ова сведоштво, запечати го ова откровение меѓу Моите ученици:

17. Ќе Го чекам Господа Кој го скрил Своето лице од Јакововиот дом - јас се надевам во Него.

18. Еве, јас и децата кои Господ ми ги даде сме знак и чудо за Израел, од Господа над Војските, Кој престојува на Сионската Гора.

19. Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и м’рморат” - одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?”

Прочитајте целосна глава Исаија 8