Стар Завет

Нов Завет

Исаија 8:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зашто, Господ ми рече вака, кога ме фати со раката и кога ме опомена да не одам по патот по кој оди овој народ, велејќи:

12. „Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.

13. Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.

14. Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.

15. Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”

16. Запази го ова сведоштво, запечати го ова откровение меѓу Моите ученици:

17. Ќе Го чекам Господа Кој го скрил Своето лице од Јакововиот дом - јас се надевам во Него.

18. Еве, јас и децата кои Господ ми ги даде сме знак и чудо за Израел, од Господа над Војските, Кој престојува на Сионската Гора.

Прочитајте целосна глава Исаија 8