Стар Завет

Нов Завет

Исаија 7:12-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Но Ахаз одговори: „Не, не сакам да барам и не сакам да Го искушувам Господа.”

13. Тогаш Исаија рече: „Чујте, Давидов доме, зар ви е малку да им додевате на луѓето, па и на мојот Бог Му додевате!

14. Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!

15. Тој ќе се храни со млеко и мед, додека не се научи да го отфрла злото и да го избира доброто.

16. Зашто, пред младенецот да научи да го отфрла злото и да го избира доброто, земјата ќе опусти, заради која трепериш, од две царства.

17. Против тебе и против твојот народ и против куќата на татка ти, Господ ќе донесе денови какви не биле откога Ефрем се оддели од Јуда, - асирскиот цар.”

18. Во оној ден, Господ ќе им даде знак на мувите на вливот на египетските реки, и на пчелите во Асирската Земја,

19. да дојдат и да слетаат по стрмните долови, по расцепените карпи, по сите трништа и по сите пасишта.

20. Во оној ден, ќе ги избричи со брич наемен од онаа страна на Еуфрат - со асирскиот цар - косата од главата, влакната од нозете и брадата од образите.

21. Во оној ден, секој ќе храни по една крава и по две овци,

22. и од изобилството на млекото што ќе му го дадат ќе се храни со маст; ќе се хранат со маст и мед сите што ќе останат во земјата.

23. Во онај ден, секаде каде имаше илјада копачки, што вредеа илјада сребреници, ќе изникнат глогинки и трње.

24. Онаму ќе тргнуваат со стрела и лак, зашто целата земја ќе обрасте со глогинки и трње.

25. А по сите гори каде се копаше со мотика веќе никој не ќе оди, страшејќи се од трњето и глогинките: таму ќе пасат говеда и ќе газат овци.

Прочитајте целосна глава Исаија 7