Стар Завет

Нов Завет

Исаија 64:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Им помагаш на оние кои радосно ја вршат правдата и си спомнуваат за Тебе на Твоите патишта; Те разгневивме, згрешивме, се одметнавме од Тебе.

6. Така сите станавме нечисти, а сета наша правда како извалкани облеки. Сите ние отпаднавме како лисја и нашите беззаконија нè однесуваат како ветер.

7. Нема никој да го повика Твоето Име, да се разбуди и да се потпре на Тебе. Зашто го скри Своето лице од нас и нè предаде во рацете на нашите злостори.

8. Па сепак, наш Татко си, о Господи: ние сме глина, а Ти си нашиот Грнчар - сите ние сме дело на Твоите раце.

9. Не гневи се, Господи, многу жестоко, не спомнувај си непрекратно за нашата кривица. Де погледај - па сите ние сме Твој народ!

10. Запустија Твоите свети градови, Сион стана пустина, и Ерусалим запустеност.

11. Домот, нашата светина и нашата слава, во кој Те славеа нашите татковци, изгоре во оган, и сите скапоцености ни се ограбени.

12. Зар на сè тоа ќе се воздржуваш, Господи, зар ќе молчиш и ќе нè натажуваш премногу?

Прочитајте целосна глава Исаија 64