Стар Завет

Нов Завет

Исаија 63:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Зашто денот на одмаздата Ми беше во срцето, дојде годината на Моето искупување.

5. Се обѕрнав, но немаше помошник! Се зачудив, но немаше поткрепа. Тогаш Ми помогна Мојата мишка, и Мојата лутина Ме поткрепи.

6. Ги сотрев народите во Својот гнев, сите ги изгазив во јарост, и земјата ја натопив со нивната крв!”

7. Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сè што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов.

8. Рече: „Доста, тие се Мој народ, синови, кои не ќе изеневерат!” И Тој им стана Спасител.

9. Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и Ангел на Неговата присутност ги избавуваше; поради Својата љубов и сомилост, Самиот ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите дни на древноста.

10. Но тие се одметнаа, го жалостеа Неговиот Свет Дух. Затоа им стана непријател и Самиот завојува против нив.

11. Тогаш си спомнаа за древните денови и за Неговиот слуга Мојсеј: „Каде е Оној, Кој го извади од водата пастирот на Своето стадо? Каде е Оној, Кој Го вдахна во него Својот Свет Дух?

12. Кој ја водеше величествено Мојсеевата десница со Својата мишка, Кој ја раздели водата пред нив и Си придоби вечно Име;

13. Кој ги преведе по дното на бездната, како коњ низ пустината и не се сопнуваа?”

14. Како добиток што слегува во долината, Господовиот Дух ги водеше кон одморалиштето. Така Ти го водеше Својот народ и Си придоби вечно Име.

15. Погледај од небесата и види од Своето свето и славно живеалиште. Каде е Твојата ревност и сила? Зар престанаа наклонетоста на Твоето срце и Твојата милост кон мене? Ах, не воздржувај го Твоето сочувство,

Прочитајте целосна глава Исаија 63