Стар Завет

Нов Завет

Исаија 56:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ зборува вака: „Пазете го правосудството и вршете ја правдата, зашто наскоро ќе дојде Моето спасение и ќе се објави Мојата правда.

2. Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело.”

3. Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.” Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.”

4. Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет

5. ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено.

6. А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет,

7. нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.”

8. Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.”

9. Сите полски ѕверови, дојдете да јадете, и вие сите, горски ѕверови!

Прочитајте целосна глава Исаија 56