Стар Завет

Нов Завет

Исаија 5:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Кај него нема преморен ни капнат, ни дремлив ниту сонлив, не го отпашува појасот околу половината, не ги одврзува ремењата на обувките.

28. Стрелите му се добро заострени, сите лакови му се оптегнати, копитата на неговите коњи се кремен, колцата на неговите бојни коли се виор.

29. Рикањето му е како на лав и рика како млади лавови, ‘ржи, го грабнува пленот и го однесува, а нема никој да му го истрга.

30. Во оној ден ќе ‘ржи на него, како што бучи морето. Погледнеш ли ја земјата - сè темнина, и неволја, облачна темнина ја проголта светлината.

Прочитајте целосна глава Исаија 5