Стар Завет

Нов Завет

Исаија 5:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. и на оние кои го бранат виновниот за поткуп, а праведникот го лишуваат од правдата!

24. Затоа, како што огнот ја проголтуваат сламата, и како што сувата трева исчезнува во пламенот, така ќе изгние нивниот корен, нивната папка ќе се разлета како прав, зашто го отфрлија Законот на Господа над Воинствата и го презреа Словото на Израелевиот Светец.

25. Затоа се распали Господовиот гнев против Неговиот народ, и Тој крена рака на него и го удри, па се стресоа горите: нивните стебла лежат по улиците како отпадоци, но Неговиот гнев уште не се смири, и раката Му е уште крената.

26. Тој го крена военото знаме на далечен народ, му свирна на крајот на земјата и ете: бргу, подготвено ита.

27. Кај него нема преморен ни капнат, ни дремлив ниту сонлив, не го отпашува појасот околу половината, не ги одврзува ремењата на обувките.

28. Стрелите му се добро заострени, сите лакови му се оптегнати, копитата на неговите коњи се кремен, колцата на неговите бојни коли се виор.

29. Рикањето му е како на лав и рика како млади лавови, ‘ржи, го грабнува пленот и го однесува, а нема никој да му го истрга.

Прочитајте целосна глава Исаија 5