Стар Завет

Нов Завет

Исаија 49:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Царевите ќе бидат твои хранители, а нивните царици твои доилки. Ќе ти се клањат со лицето до земја, и ќе лижат прав од твоите нозе. И ќе знаат дека Јас Сум Господ: кои се надеваат во Мене, не ќе се засрамат.”

24. Може ли да му биде одземен пленот на јунак? Може ли да му избега заробениот на победникот?

25. Да, Господ зборува вака; „На јунакот ќе му биде одземен пленот, заробениот ќе му избега на победникот! Со оние што се спорат со тебе, Јас ќе се спорам, Јас ќе ги избавам твоите деца;

26. на твоите угнетувачи ќе им го дадам за јадење нивното месо, и ќе се испијанат со својата крв како со ново вино. И секое тело ќе знае дека Јас Сум Господ, твој Спасител, и дека Твојот Откупител е Моќниот Јаковов.”

Прочитајте целосна глава Исаија 49