Стар Завет

Нов Завет

Исаија 48:8-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба.

9. Заради Своето име го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам.

10. Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата.

11. Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг!

12. Чуј ме, Јакове, Израеле, кого го, повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум првиот, Јас Сум и последниот.

13. Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата. Само да ги повикам и доаѓаат веднаш.

14. Соберете ги сите и чујте: кој од нив го прорече тоа? Оној кого го љуби Господ ќе ја исполни Мојата волја над Вавилон и над потомството на Халдејците.

15. Јас реков и го повикав, го водев и му помогнав на наумот.

16. Пристапете кон Мене и чујте го ова: Од почеток не ви зборував тајно, и кога се збиднуваше, бев таму. - А сега Господ Господ ме испраќа со Својот Дух.”

17. Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш.

18. О, да внимаваше на Моите заповеди, твојот мир ќе беше како река, а твојата правда како морски бранови!

19. Твоето потомство ќе беше како песок, а породот на твојата утроба како неговите зрнца! Никогаш твоето име не ќе се сотреше, ниту ќе се избришеше пред Мене!”

20. Излезете од Вавилон, бегајте од Халдеја! Воскликнувајќи гласно, кажувајте, проповедајте, разгласете до крајот на земјата! Говорете: „Господ го откупи Својот слуга Јакова!”

21. Не жеднуваа додека ги водеше низ пустината; од стената извлече вода за нив, го расцепи каменот и потече вода.

22. „Нема мир за безбожниците,” вели Господ.

Прочитајте целосна глава Исаија 48