Стар Завет

Нов Завет

Исаија 48:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Чујте го ова, Јаковов доме, вие кои се наречувате со Израелевото име и кои излеговте од Јудините води! Вие кои се колнете во Името на Господа и кои го спомнувате Израелевиот Бог, но не со вистина и со правда.

2. Зашто вие се наречувате по Светиот Град и се потпирате на Израелевиот Бог, Господ на Силите Му е Името.

3. Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста, и Јас ги објавив, направив брзо, и се збидна.

4. Зашто знаев дека ти си корав, дека вратот ти е железна жила и дека челото ти е бакарно.

5. Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне за да не речеш: ‘Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!’

6. Го чу и го виде сè тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше;

7. во овој миг е создадено, а не одамна, за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’

8. Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба.

9. Заради Своето име го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам.

10. Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата.

11. Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг!

Прочитајте целосна глава Исаија 48