22. Обратете се кон Мене за да се спасите, сите краишта на земјата, зашто Јас Сум Бог и нема друг!
23. Се колнам Сам во Себе, од Мојата уста излегува вистина, нема да се врати напразно, дека пред Мене ќе се поклони секое колено, со Мене ќе се заколнува секој јазик,
24. говорејќи: ‘Единствено во Господа се победата и силата! Кон Него ќе дојдат, засрамени, сите кои беснееја против Него.
25. Преку Господа ќе победи и ќе се прослави сето Израелево потомство!’”