Стар Завет

Нов Завет

Исаија 43:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелев Светец, твој Спасител. Го давам Египет за твоја откупнина, ги давам Етиопија и Сева место тебе.

4. Зашто си скапоцен во Моите очи, ценет си, и Јас те возљубив. Затоа и давам луѓе за тебе, и народи за твојот живот.

5. Не бој се, зашто Јас Сум со тебе. Твоето потомство ќе го доведам од исток и ќе те соберам од запад.

6. Ќе му речам на север: ‘Дај ми го!’ а на југ: ‘Не задржувај го!’ Доведи Ми ги синовите од далеку, а Моите ќерки од крајот на земјата,

7. сите кои се наречуваат со Моето Име, и кои ги создадов за Своја Слава, кои ги створив и ги направив.”

Прочитајте целосна глава Исаија 43