21. На Господа Му се свиде заради Неговата праведност да го возвеличи и прослави Законот.
22. А овој народ е опљачкан и ограбен, неговите млади ставени се во клади, фрлени во темници. Ги пленуваат, а никој нема да ги избави; ги заробуваат, а никој нема да рече: „Врати ги!”
23. Кој од вас се грижи за тоа? Кој пази и слуша однапред?
24. Кој му го предаде Јакова на ограбувачот и Израел на присвојувачот? Не е ли Господ, против Кого грешевме, по чии патишта не сакавме да одиме, чиј Закон не сакавме да го слушаме?
25. Затоа ги излеа врз Израел Својот жарок гнев и воените стравотии: пламен го опкружи отсекаде, но тој не го сфати тоа; го изгоре, но тој и тоа не го зеде на срце.