Стар Завет

Нов Завет

Исаија 40:20-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Бедниот за принос бира дрво што не гние и бара вешт уметник за да му направи неподвижен кип.

21. Зар не знаете? Зар не сте чуле? Не ли ви е откриено од старини? Зар не сфативте кој ја основа земјата?

22. Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење.

23. Тој ги обрнува кнезовите во ништо, ги уништува земните судови.

24. Што туку беа засадени, што туку беа посеани, што туку нивното стебленце испружи корен во земјата, Тој дувнува на нив, и тие се осушуваат, виорот ги разнесува како плева.

25. „Со кого ќе Ме изедначите Мене, кој Ми е рамен?” вели Светецот.

26. Подигнете ги очите и гледајте: кој го создаде тоа? Оној Кој по број ја изведува нивната војска, и Кој ги вика сите по име.

27. Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: „Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог?”

28. Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив.

29. На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот.

30. Младите се заморуваат и се истоштуваат, изнемоштените момчиња се тетерават.

31. Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.

Прочитајте целосна глава Исаија 40