Стар Завет

Нов Завет

Исаија 4:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој леб, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.”

2. Во оној ден Господовиот Подник ќе биде убав и славен, а земниот плод за убавина и слава на спасените во Израел.

3. Кои ќе останат на Сион - и кои ќе преживеат во Ерусалим, ќе се наречат „свети” и ќе бидат запишани да живеат во Ерусалим.

4. Кога Господ го измие срамот на сионските ќерки и ја избрише од Ерусалим крвта пролеана од здивот на судот и од здивот што изгорува.

5. Ќе создаде Господ над сета Сионска Гора и над сите оние кои ќе бидат онаму на собор, облак со дим, дење, а ноќе блесок на пламен оган. Зашто, врз сето тоа Славата ќе биде засолниште.

6. И ќе има шатор за да засенува дење од припек, штит и засолниште од пороен дожд и од бура.

Прочитајте целосна глава Исаија 4