Стар Завет

Нов Завет

Исаија 38:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време Езекија смртно се разболе. Пророкот Исаија, синот Амосов, му дојде и му рече: „Вака вели Господ: ‘Среди ја својата куќа, зашто ќе умреш, не ќе оздравиш.’”

2. Езекија се сврте кон ѕидот и вака Му се помоли на Господа:

3. „Ах Господи, спомни си дека пред Тебе одев верно и со чесно срце, и дека го направив тоа што е добро во Твоите очи.” И Езекија почна да плаче горко.

4. Тогаш Му дојде Господовото слово на Исаија:

5. „Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години.

6. Ќе ве избавам и тебе и овој град од рацете на асирскиот цар. Да, ќе го заштитам овој град!”‘

Прочитајте целосна глава Исаија 38