Стар Завет

Нов Завет

Исаија 37:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Откако го слушна тоа, царот Езекија ги скина своите облеки се облече во вреќиште и отиде во Господовиот Дом.

2. Потоа ги испрати Елијакима, управителот на дворецот, царскиот писар Сомна и свештеничките старешини, облечени во вреќишта, при пророкот Исаија, синот Амосов.

3. Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‘Ова е ден на неволја, казна и хулење: децата стасаа до породување, а нема сила за да се родат.

4. Можеби Господ, твојот Бог, ги чу зборовите на големиот пехарник кого асирскиот цар, неговиот господар, го испрати да Го хули живиот Бог, и можеби Господ твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чу! Подигни глас за молитва за Остатокот што уште остана!’”

5. Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија

6. тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Вака вели Господ: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа слугите на асирскиот цар.

7. Еве, Јас вдахнав во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.”‘“

8. Големиот пехарник се врати и го најде асирскиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот замина од Лахис.

9. Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија:

10. „Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те измамува Твојот Бог, во Кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар.”

11. Ти знаеш што им направија асирските цареви на сите земји откако ги предадоа на проклетство! А ти ли ќе се спасиш?

Прочитајте целосна глава Исаија 37