Стар Завет

Нов Завет

Исаија 36:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Елијаким, Сомна и Јоах му рекоа на големиот виноцрпец: „Те молиме, зборувај им арамејски на своите слуги, зашто ние разбираме; не зборувај со нас на јудејски да не чуе народот што е на ѕидовите.”

12. Но големиот виноцрпец им одговори: „Зар мојот господар ме испрати да ви го речам ова на твојот господар и тебе, а не токму на оние луѓе кои седат на ѕидовите, осудени со вас да ја јадат својата нечистота и да ја пијат својата моч?”

13. Тогаш големиот виноцрпец се исправи и со сиот глас ги извика овие зборови: „Чујте го словото на големиот цар, асирскиот цар!

14. Вака вели царот: ‘Езекија нека не ве залажува, зашто не може да ве избави од мојата рака.

15. Езекија нека не ве охрабрува со надеж во Господа, велејќи: „Господ ќе нè избави без друго: овој град нема да падне во рацете на асирскиот цар.”

16. ‘ Склучете мир со мене, предајте ми се, па секој нека ги јаде плодовите од своето лозје и од својата смоква, и нека пие вода од својот кладенец,

17. додека не дојдам и не ве одведам во земја што е како вашата, во земја со жито и вино, во земја со леб и лозја.

18. Не оставајте да ве измами Езекија велејќи ви: „Господ ќе ве избави.” Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од рацете на асирскиот цар?

19. Каде се ематските и арфадските богови за да ја избават Самарија од моите раце?

20. Кој меѓу сите богови на тие земји ја избавија својата земја од мојата рака, па Господ да го избави Ерусалим од мојата рака?’”

21. Молчеа, и ни збор не му одговорија, зашто царот беше наредил: „Не одговарајте!”

22. Управителот на дворецот Елијаким, син Хелкиин писарот Сомна и советникот Јоах, син Асафов, дојдоа при Езекија, откако ги раздраа облеките, и му ги соопштија зборовите на големиот пехарник.

Прочитајте целосна глава Исаија 36