Стар Завет

Нов Завет

Исаија 34:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Таму ќе се среќаваат дивите мачки со хиените, јарците ќе се повикуваат еден друг; таму ќе се одморува Лилит - ноќно привидение - наоѓајќи почивалиште.

15. Таму ќе се гнезди змија, ќе снесува јајца, ќе лежи на нив, ќе ги извади во твојата сенка; таму ќе слетуваат јастребите еден по друг.

16. Истражувајте во Господовата книга и читајте, ниедно од тоа не изостана, зашто Неговата уста нареди така, и Неговиот Дух нив ги собра.

17. Зашто Тој им фрли жрепка и Неговата рака со јаже им ја измери земјата: тие ќе ја владеат довека, ќе ја населуваат неа од колено до колено.

Прочитајте целосна глава Исаија 34