Стар Завет

Нов Завет

Исаија 34:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пристапете племиња, за да чуете, внимателно слушајте, народи; чуј, земјо, и сè што ја исполнува, земен кругу и сè што расте во тебе!

2. Зашто Господ се разгневи на сите народи, се разјари на сета нивна војска. Ги отстапи на уништувањето, ги предаде на колеж.

3. Нивните убиени лежат, смрдеж се крева од многуте трупови, крвта потече низ горите,

4. се распадна сета небесна војска. Небесата се свитка како книга, и сета нивна војска паѓа, како што отпаѓа лозовиот лист, како што се тресе смоквиното лисје.

Прочитајте целосна глава Исаија 34