18. Твоето срце ќе мисли во страв: „Каде е оној што броеше, каде е оној што мереше, каде е оној што ги пребројуваше стражарниците?”
19. Не ќе видиш веќе свиреп народ, народ со неразбирлив и со несфатлив говор, туѓ јазик што никој не го разбира.
20. Погледај на Сион, на градот на нашите празници: твоите очи ќе го видат Ерусалим, заштитено престојувалиште, шатор што не се пренесува, чии колчиња никогаш не се вадат, и ниту едно јаже не му се кине.
21. Таму ни е силниот Господ; место на широки реки и потоци; не ќе помине оттаму ниеден брод ни весла, ниту некој воен брод ќе проедри.
22. Зашто Господ е наш Судија, Господ е наш Законодавец, Господ е наш Цар - Тој ќе нè спаси.
23. Јажињата ти попуштија, не можат да го држат јарболот ниту да ги развијат едрата.
24. И ниеден жител нема да рече: „Болен сум!” На народот што живее таму, ќе му се прости беззаконието.