Стар Завет

Нов Завет

Исаија 33:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Твоите очи ќе го гледаат царот во неговата убавина, ќе ја разгледуваат непрегледната земја.

18. Твоето срце ќе мисли во страв: „Каде е оној што броеше, каде е оној што мереше, каде е оној што ги пребројуваше стражарниците?”

19. Не ќе видиш веќе свиреп народ, народ со неразбирлив и со несфатлив говор, туѓ јазик што никој не го разбира.

20. Погледај на Сион, на градот на нашите празници: твоите очи ќе го видат Ерусалим, заштитено престојувалиште, шатор што не се пренесува, чии колчиња никогаш не се вадат, и ниту едно јаже не му се кине.

Прочитајте целосна глава Исаија 33