Стар Завет

Нов Завет

Исаија 31:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко им на оние кои слегуваат во Египет за помош и се надеваат на коњите, па се надеваат на многу коли и на мноштво коњаници, не гледајќи со надеж во Израелевиот Светец, и не барајќи совет од Господа.

2. Но и Тој е мудар, и ќе донесе зло, и не ќе ги одрече Своите закани; Тој ќе стане против злосторничкиот дом и против беззаконичката помош.

3. Египетецот е човек, а не Бог; неговите коњи се тело, а не дух; кога Господ ќе замавне со раката, ќе се сопне помагачот, и ќе падне оној кому му помага - сите заедно ќе пропаднат.

Прочитајте целосна глава Исаија 31