Стар Завет

Нов Завет

Исаија 30:20-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Господ ќе ве храни со лебот на тешкотијата, ќе ве пои со вода на неволјата, но веќе нема да се крие твојот Учител - очите ќе ти Го гледаат твојот Учител.

21. И твоите уши ќе чујат слово како зборува зад тебе: „Тоа е патот, одете по него”, било да тргнувате надесно или налево.

22. Ќе ги сметаш за нечисти своите сребрени ликови; ќе ги отфрлиш како нечистота и ќе им речеш: „Надвор!”

23. А Тој ќе му даде дожд на твоето семе што ќе го посееш во земјата, и лебот што ќе го роди земјата ќе биде во изобилство и хранлив. Во оној ден, твојот добиток ќе пасе по широки пасишта.

24. Воловите и ослиците што ја обработуваат земјата ќе јадат посолена крма, веана со лопата и веалка.

25. И на секоја гора и на секој возвишен брег ќе има потоци и рекички - во денот на силниот колеж кога ќе се уриваат стражарниците.

26. Тогаш светлината на месечината ќе биде како сончевата светлина, а сончевата светлина ќе стане седумпати посилна, како светлината на седум денови - во денот кога Господ ќе го излечи скршеното, кога ќе ги излечи раните од Своите удари.

27. Ете, Името на Господа доаѓа оддалеку, Неговиот гнев гори, димот е неиздржлив. усните Му се полни со јарост, јазикот Му е оган што голта.

28. Здивот Му е како збуен поток што достига до грлото. Тој доаѓа да ги просее народите во погубувачкото решето, да стави узди за заблудување во челустите на народите.

29. Тогаш песната ќе ви биде како во празничните ноќи, кога срцата се веселат како во оној кој покрај звуците на кавалот се искачува со чест на Господовата Гора, кон Израелевата Стена.

30. Господ ќе загрми со величествен глас, и ќе ја покаже Својата рака што удира во јаросен гнев, среде гибелен оган, од буроносен пороен дожд и од крупен град.

Прочитајте целосна глава Исаија 30