Стар Завет

Нов Завет

Исаија 29:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. па ќе го притиснам Ариел, и ќе настанат пискотница и лелекање. За мене ќе бидеш Божјо Огниште,

3. ќе те опколам како Давид, ќе те опкружам со ровови, ќе подигнам насипи спроти тебе.

4. Соборен ќе зборуваш од земјата, од правот ќе тепкавиш со задушен збор, гласот ќе ти се крева од земјата како на покојник, ќе шептиш беседи од правот.

5. А мноштвото на твоите непријатели ќе биде како ситен прав, толпата насилници - како развеана плева: и одеднаш, во еден миг:

6. ќе те посети Господ над Војските со грмеж, со татнеж, со голем шум, со виор, со бура и со пламен оган што голта.

7. Ќе бидеш како сон, како ноќно видение: мноштво на сите народи што војуваат со Ариел и на сите оние кои завојуваа против него и против неговата тврдина и кои го притискаа отсекаде.

8. Ќе биде како кога гладниот сонува дека јаде, а се разбудува со празен желудник; и како кога жедниот сонува дека пие, па се разбудува - изнемоштен - со суво грло. Така ќе им се случи на многуте народи, кои војуваа против Сионската Гора.

Прочитајте целосна глава Исаија 29