Стар Завет

Нов Завет

Исаија 29:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А бедните пак ќе се радуваат во Господа, најбедните ќе Му воскликнуваат на Израелевиот Светец,

20. зашто ќе нема веќе насилници, ќе ги снема потсмевачите, ќе бидат истребени сите кои смислуваат зло:

21. оние кои ги обвинуваат другите со зборови, оние кои поставуваат стапица на вратата на судијата и за ништо го соборуваат праведникот.

22. Затоа вака зборува Господ, Бог на Јакововиот дом, Кој го откупи Авраама: „Отсега Јаков не ќе се срами веќе, и не ќе му бледнее веќе лицето,

23. зашто кога ќе го види сред себе делото на Моите раце, ќе го свети Моето Име.” Ќе го светат Јакововиот Светец, ќе се бојат од Израелевиот Бог.

24. Заблудените во духот ќе се вразумат, а оние што м’рморат ќе примаат поука.

Прочитајте целосна глава Исаија 29