Стар Завет

Нов Завет

Исаија 29:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко на Ариел! На Ариел, на градот што го опсади Давид! Нека се ниже година по година, нека се изредат празниците,

2. па ќе го притиснам Ариел, и ќе настанат пискотница и лелекање. За мене ќе бидеш Божјо Огниште,

3. ќе те опколам како Давид, ќе те опкружам со ровови, ќе подигнам насипи спроти тебе.

4. Соборен ќе зборуваш од земјата, од правот ќе тепкавиш со задушен збор, гласот ќе ти се крева од земјата како на покојник, ќе шептиш беседи од правот.

5. А мноштвото на твоите непријатели ќе биде како ситен прав, толпата насилници - како развеана плева: и одеднаш, во еден миг:

Прочитајте целосна глава Исаија 29