Стар Завет

Нов Завет

Исаија 26:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден, ќе ја пеам оваа песна во Јудината Земја: „Ние имаме цврст град: за одбрана Тој ни крева ѕидови и предѕидишта.

2. Отворете ги вратите! Нека влезе праведниот народ, кој ја пази верноста,

3. чие значење е цврсто, кој го чува мирот зашто се надева во Тебе.

4. Надевајте се во Господа довека, зашто Господ е Вечна Стена;

Прочитајте целосна глава Исаија 26